„Тренинг за мирис“ може да помогне при губење на мирисот дури и по ковид-19

од Stefanija Kuzmanovska

Ако сте доживеале изобличувања на мирисот после ковид-19, тогаш „тренингот за мирис“ може да ви помогне повторно да почнете да мирисате нормално, според новото истражување.

Паросмија подразбира невообичаени и непријатни нарушувања на мирисот. На пример, наместо мирис на лимон, можете да почувствувате мириса на расипана зелка, или чоколадото да мириса на бензин. Се јавува кај луѓе со ковид-19, но парсомијата може да биде предизвикана и од други вируси и повреди на главата.

Ново истражување наведува дека тренингот за мирис, односно идентификување и разликување на мириси, помогнал кај пациенти кај кои вирусот предизвикал губење на мирис.

„Се смета дека одреден степен на губење на мирис влијае на околу една четвртина од населението. Губењето на мирисот е исто така изразен симптом на ковид-19 и знаеме дека пандемијата остава многу луѓе со долгорочно губење на мирис или нарушување на мирисот како паросмија”, рече проф. Карл Филпот од Медицинскиот факултет во Норвич, УЕА.

„Тренинг за мирис“

Тој објасни дека кај луѓето кои имаат паросмија, мирисот на некои работи е невообичаен и честопати непријатен.

„Лицето со паросмија може да мириса стапче од цимет, но наместо тоа, да мириса нешто друго како гнила храна или уште полошо. Тренингот за мирис вклучува мирис на најмалку четири различни мириси двапати на ден секој ден со месеци“, рече Филпот.

Овој вид тренинг може да помогне во опоравувањето засновано на невропластичност – способност на мозокот да се реорганизира за да компензира за промена или повреда. Истражувачкиот тим работел со 143 учесници кои доживеале загуба или промена на чувството за мирис поради пост-вирусна инфекција.

На учесниците им биле дадени различни комплети за тренинг на мириси кои се состојат од различни мириси, вклучувајќи еукалиптус, лимон, роза, цимет, чоколадо, кафе, лаванда, мед, јагода и мајчина душица. Проверено е колку учесниците можат да ги разликуваат мирисите на почетокот на обуката и по шест месеци, пренесе News medical.

Филпот наведува дека студијата покажала значително закрепнување кај учесниците и дека најголемите подобрувања се случиле кај оние кои изгубиле најмногу функција на мирис. Истражувањето било спроведено пред пандемијата, но истражувачите велат дека нивните откритија би можеле да бидат корисни за луѓето кои го изгубиле чувството за мирис поради ковид-19.

loading...

Слични содржини