
Спортските вежби се полесни за оние кои претходно ги практикувале. Научниците од Норвешка неодамна дојдоа со неверојатно сознание. Имено, излегува дека мускулите буквално ги запомнуваат физичките вежби и напорот, кој го доживуваат дури вослучај тиео се оставени да деградираат.
Меморијата за физичките односно здравствените вежби се чува во јадрата на мускулните клетки. Кога мускулот се напрегнува, ДНК од овие јадра се шират низ ткивата. Досега се сметаше дека со атрофирањето на мускулите овие јадра се губат, но тоа не е така.
Произведените вишок јадра опстануваат и дејствуваат како банки со информации. Тоа овозможува брзо постигнување на добра форма при започнување на нов режим на вежби.
Шефот на истражувањето Кристијан Гундерсен од Универзитетот на Осло вели дека овој ефект се должи на големината на мускулните клетки.
Тие се премногу големи, па затоа имаат потреба од повеќе од едно јадро, цртање ДНК шаблони за производство на протеини. Оттаму и објаснувањето на друго откритие – дека при вежбите прво се зголемува бројот на клеточните јадра, едвај потоа се манифестира зголемената мускулна маса и волумен.
При обиди со глувци “спортски” јадра опстануваат дури три месеци по прекинот на фитнес-програмата – што за глодарите е едвај половина живот. Мускулите атрофираат, но за сметка на други клетки.
Откритието сугерира дека децата треба активно да спортуваат од најрана возраст и дека задолжителните часови по спортски вежби можеби се меѓу најкорисните од образовните бенефиции.
Во нова светлина ќе треба да се гледа и на допинг контролата. Забранети препарати стимулираат создавањео на “енергетски јадра”. Ако се покаже дека овие “незаконски” помошници се практично вечни, треба сторителите на допинг-нормите да бидат протерани од спортот засекогаш, а не за година или две.