Третата доза вакцина против коронавирус во Израел ја примија речиси милион луѓе

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Третата доза на вакцината против Ковид-19 ја примија речиси милион луѓе во Израел (963.572), додека 5,4 милиони Израелци од вкупното население од 9,3 милиони добија две дози, објавија медиумите.

Според податоците на Министерството за здравство на Израел, во последните 24 часа се евидентирани повеќе од 5.000 новозаразени, а 519 пациенти се во тешка состојба.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 надмина 5.000, а пред само два месеци беше 200.

Невакцинираните Израелци над 60 години се разболуваат многу почесто, со тешки последици, отколку невакцинираните.

Министерството за здравство објави дека има 151,5 тешки случаи на 100.000 невакцинирани лица на возраст над 60 години, 19,3 кај вакцинирани лица на иста возраст и 40,9 кај делумно вакцинирани лица.

Во меѓувреме, нови ограничувања стапија на сила на меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив, а само патниците од десет земји, Австрија, Австралија, Хонг Конг, Унгарија, Тајван, Молдавија, Нов Зеланд, Кина и Чешка нема да треба да одат во карантин.

Од луѓето што доаѓаат од овие земји се бара да бидат изолирани 24 часа, додека не добијат негативен резултат на Ковид-19, првиот од вкупно два.

Сепак, само Австрија, Унгарија, Молдавија и Чешка во моментов им дозволуваат на Израелците да патуваат таму.

Бугарија, Бразил, Грузија, Мексико, Шпанија и Турција се на листата на држави во кои на Израелците им е забрането да одат од денес.

Во неделата, израелското Министерство за здравство го игнорираше апелот на Светската здравствена организација да престане да дава „бустер“ дози.

Како одговор на таа жалба, министерството за израелските медиуми изјави дека одлуката за давање на третата доза е донесена откако се земени предвид медицинските фактори и дека имунизацијата на Израелците спасува животи по трет пат.

Главниот научник на министерството, професорот Ави Израел, синоќа изрази уверување дека учебната година треба да започне на 1 септември, како и обично, без оглед на зголемувањето на бројот на лица заразени со коронавирусот и хоспитализациите, имајќи предвид дека училиштата не се жаришта на инфекција.

Слични содржини