Трговската размена во сегментот на туризмот, соработка во областа на образованието и културата теми на разговор меѓу Арсовска и Сако

од Vladimir Zorba

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска оствари работна средба со градоначалничката на Драч, Емиријана Сако на која се разговараше на повеќе теми за меѓусебна соработка на двата града, размена на искуства, како и отпочнување конкретна соработка.

Како што информираат од Град Скопје, на средбата разговараа за потенцијалниот раст на трговската размена во сегментот на туризмот, соработка во областа на образованието и културата.

Воедно, на средбата беше договорена соодветна динамика што води кон конкретна соработка за имплементација на проекти кои се од заемен интерес на двата града, а која започнува со посета на делегација со претставници на релевантните сектори од двата града.

Слични содржини