Она што пред 200 години бил затворен трговски центар во градот Провиденс на Род Ајленд, денеска се станови. Имено, таму станови за изнајмување повеќе немало, а истовремено еден трговски центар пропаѓал.

Затоа, бизнисменот Еван Гарноф го купил трговскиот и го претворил во станбена зграда со станови од 20 и 40 квадрати. Становите се функционални, а Американците сакаат да кажат дека живеат во кутија за чевли. Становите имаат се, од кујна, купатило, заедничка перална, но во кујните нема рерна, дури ни во поголемите. Сепак се гледа дека на Американците тоа не им пречи, а секако сите имаат машини за садови.
При преуредувањето се водело сметка да имаат по два прозорци кои гледаат надвор, а еден во атриумот на трговскиот кој има одлично осветлување.
На приземјето има и дуќани, така што на жителите се им е при рака. Цената за изнајмување е 800 долари месечно.
Погледнете како изгледа животот наречен ’shoebox living‘.