Некои луѓе се водат според мотото „подобро да сакаш и да изгубиш, отколку никогаш да не сакаш“, додека пак други се повлекуваат веднаш штом забележат дека нешто не оди.

Pixabay
Овие првите, тие се вистински зависници од љубов, сакаат да бидат во врска, безрезервно даваат љубов и сметаат дека личноста која ја сакаат заслужува бројни шанси. Често и се разочаруваат, но тоа не значи дека се откажуваат од сакање.
Еве за кого се работи:
Овен
Кога се во врска, Овните често забораваат дека секој однос носи и ризици и мислат дека со самото тоа што врската опстојува, сè е во ред. Тие едноставно, се препуштаат. Сакаат да му купуваат подароци на партнерот и да планираат романтични излегувања. Добра околност е тоа што веднаш забележуваат кога партнерот се лади, па се повлекуваат и си ја бараат среќата на друго место.
Близнаци
Тие многу го сакаат чувството што се појавува кога се на почеток на нова врска. Тоа ги возбудува, бидејќи се зависни од еуфоријата и хемијата. Уште од самиот почеток почнуваат да зборуваат за чувства, љубов, неограничено ги исполнуваат желбите на партнерот, што дури и станува во даден момент многу напорно. Затоа и често се случува другата страна да се повлече.
Вага
Тие се многу лојални на партнерот и се трудат по секоја цена да ги избегнат конфликтите. Сакаат многу и јасно даваат до знаење дека би направиле сè за својот партнер. Токму затоа и сите им се воодушевуваат. Вагите го гледаат најдоброто во сите, а замижуваат пред лошото, а токму ова е причина за нивните разочарувања во љубовта.