Три лица му влегле дома и го претепале

од Nikola Popovski

Три лица влегле во домот на жител на скопската населба Шуто Оризари и го претепале, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот билтен, на 21.06.2023 во 22.17 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.З.(43) од Скопје пријавил дека Х.М., К.М. и С.А. со употреба на сила влегле во неговата куќа, ја оштетиле влезната врата, по што физички ги нападнале него, А.Р.(43) и малолетно лице.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини