Три лица загинаа, а пет се ранети во вооружен напад на студентски камп во Мичиген

од Radmila Tasevska

Во вооружен напад на студентски камп во Лансинг во американската сојузна држава Мичиген, три лица загинаа, а пет се ранети кога вооружен маж пукал во луѓе пред да побегне, соопшти утрово полицијата.

„Три лица загинаа, а пет лица се повредени и пренесени во болница“, соопшти државната полиција на Мичиген.

Напаѓачот синоќа по 20 часот по локално време отвори оган во студентскиот камп на универзитетот, соопшти полицијата, додавајќи дека некои од ранетите се во критична состојба.

Полицијата објави фотографии од осомничениот, низок црнец облечен во тексас јакна, црвени чевли и бејзбол капа.

„Во моментов имаме стотици полицајци и службеници за спроведување на законот – државни, локални и федерални – кои работат во кампот во координирани напори за обезбедување на локацијата и идентификување и апсење на осомничениот“, соопшти полицијата.

Полицијата брзо пристигна на местото на настанот и им нареди на студентите и вработените во кампот да се самоизолираат.

Универзитетот ги суспендираше сите активности на 48 часа.

САД плаќаат многу висока цена за лесен пристап до огнено оружје. Секој трет возрасен поседува барем еден пиштол, а речиси секој втор возрасен живее во дом со пиштол.

Слични содржини