Три месеци условна казна затвор за поранешниот градоначалник на Берово, Драги Наџински

од desk4

Три месеци условна казна затвор за поранешниот градоначалник на Берово, Драги Наџински. Основниот суд во Берово го прогласи Наџински за виновен, зашто како градоначалник, над 30 пати во период од три години ја злоупотребил функцијата градоначалник, па со службеното возило на Општината без решение и патни налози, за приватни потреби со придружба одел за Бугарија, пренесе ТВ Стар.

При донесувањето на пресудата, земени се предвид изјави на сведоци, лично призание на Наџински, како и евиденција за влез и излез од граничниот премин.

 Дополнително, самиот Наџински ја признал вината и се откажал од правото на жалба по однос на пресудата , доколку таа предвидува условна , а не ефективна казна затвор. Условот кој судот му го постави на Наџински е во наредните две години да не стори ново кривично делото.

Дополнително, и се сугерира на Општината отштета за приватните патувања со службено возило на Наџински, да бара во граѓанска постапка, нешто за што тужба веќе се подготвува.

Ова е епилогот од кривичната пријава која на почетокот на октомври минатата година ја поднесе полицијата по истрага на Надворешната канцеларија за криминалистички работи на Берово и Одделот за економски криминал.

Инаку, Драги Наџински функцијата градоначалник на Берово ја вршеше во два мандата од 2009 година до 2017 –та.

Слични содржини