Tри причини поради кои паровите треба да одат на спиење во исто време

од Stefanija Kuzmanovska

Заедничкото легнување на спиење во емотивни врски не е важно само поради интимните врски, туку има и други придобивки.

Некои луѓе се ноќни птици, а некои си легнуваат порано. Но, кога остваруваат емотивна врска, тие се обидуваат да се прилагодат едни на други, со цел нивната врска да стане што е можно подобра.

Истражувањето на психолозите и брачните советници покажало дека има придобивки од заедничко легнување во партнерските односи.

Тие наведоа 3 причини зошто вашиот партнер и вие треба да легнете да спиете во исто време.

1. Негување на блискоста

Секој пар сака мазење и време за разговор. Ако легнете заедно, тоа е идеално време е да ги исполните своите желби, да се галите и да разменувате нежности, но и да разговарате за денот зад вас или за некои пријатни планови за во иднина.

Науката исто така вели дека галењето го стимулира телото да го ослободи невротрансмитерот окситоцин. Тоа е хормон на задоволство и блискост кој ви помага да се зближите уште повеќе со вашиот партнер и да се чувствувате среќни во неговото присуство.

2. Здравствени придобивки

Легнувањето во кревет во исто време со партнерот ќе ви помогне подобро да се прилагодувате едни на други и да станете посинхронизирани во секојдневните активности што ве очекуваат следниот ден.

Спиењето заедно не само што добро влијае на вашата врска, туку и на здравјето, тврдат истражувањата. Може да ја намали вашата анксиозност, да го регулира крвниот притисок, но и да го зајакне имунитетот.

3. Ќе станете потолерантни

Без оглед на тоа што на почетокот на врската може да имате различни навики кога станува збор за спиење, ако успеете со текот на времето да го усогласите биоритмот со партнерот, тоа ќе биде од корист за вашата врска.

Ќе станете, тврдат советници за брак и врски, и во други, секојдневни, работи далеку потолерантни едни на други.

Слични содржини