Тројца кандидати ќе влезат во трката за лидер на СДСМ

од Nikola Popovski
329 прегледи

Од СДСМ денеска информираа дека партиската комисија прифатила три од четирите кандидатури за лидер на партијата. Одбиена е кандидатурата на членот од општинската организација во Куманово, Властимир Алексовски.

-Денеска согласно правилата заседаваше Централната изборна комисија и одлучија дека три кандидатури се целосни со сите потребни документи и услови согласно правилата и условите кои беа распишани, а една кандидатура не е и таа е отфрлена со одлука на Централната изборна комисија и кандидатот кој ја поднесе е известен за тоа, информира пратеничката од владеачката партија, Славјанка Петровска.

Ова значи дека верификацијата ја поминале Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски.

Покрај кандидатурите, тројцата сега ќе имаат 8 дена да ја претстават својата програма пред општинските организации на СДСМ.

Слични содржини