Царовска: Нашите деца не се помалку интелигентни од децата во развиените земји, тие се нашата иднина

од Nikola Popovski

За време на претходната власт работниците беа оставени на маргините, ВМРО-ДПМНЕ ги продаваше на инвеститорите како евтина работна сила, и не се усрами, ниту се извини за тоа, а ние за 6 месеци покажавме дека може поинаку, ја зголемивме минималната плата, докажавме дека таа може да биде повисока и да расте, така ние се грижиме за граѓаните, изјави вечерва потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на граѓанската трибина на „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.

Според неа, новиот концепт во образование ќе ги покаже резултатите и сите ќе застанат зад него, и оние што денес го напаѓаат, затоа што нашите деца ќе бидат задоволни, програмите ќе бидат усогласени со новото време, децата ќе научат да учат, да поврзуваат, да се справуваат со проблеми, се што денеска не учат.

-Нашите деца не се помалку интелигентни од децата во развиените земји, но ние им го крадеме потенцијалот, неодговорно и себично како возрасни одговорни кон нив, 30 години се задоволуваат туѓи интереси, а не на децата, а тие се иднината, затоа ние како СДСМ посветено колку да тие се непопуларни политики во моментот, ќе продолжиме да ги работиме, зашто знаеме дека многу скоро ќе станат популарни, многу скоро ќе станат продуктивни, здрави политики што ќе дадат ефект за подобри услови за живот во државата, порача Царовска.

Слични содржини