Царовска: Пред само 4 години имавме училишта без креди и инвестиции од стиропор

од Nikola Popovski

Ние направивме драстични, големи промени во сите сегменти на општеството за разлика од ВМРО-ДПМНЕ. Сето тоа го направивме отчетно, отворено, посветено и заедно со граѓаните. Ние креиравме и креираме политики кои значат просперитет и перспектива. Политики кои главни вредности кои ги имаат во себе, се слобода, еднаквост, демократија и право на избори, рече потпретседателката на СДСМ и министерка за образование и наука Мила Царовска на митингот во Битола, од каде владеачката партија ја започна својата изборна кампања.

Таа потенцира дека денес секој од нас со гордост зборува за реконструкција на училишта, градба на градинки, нови кабинети по природни науки, дигитализација во образование и подобра детска заштита.

-А пред само 4 години не сакам да заборавиме дека имавме задолжени и блокирани училишта, општини. Училишта без креди и инвестиции од стиропор… Затоа сум убедена дека на 17 октовмри ќе гласате за бројот 12, затоа што само така вашиот глас може да значи подобра идина за нашите деца, додаде Царовска.

Слични содржини