Ципрас до штотуку венчани: Младоженецу, внимавај што ветуваш

од desk2
116 прегледи

Завршувањето на третата последна програма со финансиска помош за Грција, а со тоа и излезот на земјата од меморандумите стана дел од секојдневниот живот на Грците.


Млад, штотуку венчан пар на Фејсбук објави фотографии по склучениот брак во општина Кавала.
Младоженецот држи плакат со натпис: „ И реков дека ќе се земеме кога ќе излеземе од меморандумите. Зошто бе Ципрас? “

Овој пост стигна дури и до грчкиот премиер, кој го сподели на неговиот официјален профил.
Го коментираше на хумористичен начин, им честиташе на младите и го искористи и слоганот на актуелната влада „Беше исправно, го спроведовме во пракса“.

– Младоженецу, внимавај што ветуваш. Сепак, беше исправно, го спроведовме во пракса. Да живеете среќно!, напиша Алексис Ципрас на неговиот официјален Фејсбук профил.