ЦИВИЛ: Осуда на политизацијата на пописот, повик за учество и поддршка на процесот

од Vladimir Zorba

ЦИВИЛ – Центар за слобода спроведува мониторинг на процесот спроведување на пописот уште од денот кога започна процедурата за негово одржување, односно подготовките за Законот за попис на населението, донесен во јануари 2021 година.

На денот на почетокот на пописот, 5 септември 2021 година, ЦИВИЛ го соопштува ставот, оценките и препораките на Организацијата до граѓанките и граѓаните, јавноста, институциите и сите останати.

„Конечно, по речиси две децении, ќе се одржи попис на населението кој нема политичка димензија, туку е статистичка операција која им е потребна на луѓето, на институциите, на бизнисот и на општеството во целост. ЦИВИЛ високо ја оценува работата на институциите, во прв ред, Државниот завод за статистика и смета дека институциите се подготвени, процесот е добро организиран и е во согласност со мерките за заштита од КОВИД-19.

ЦИВИЛ остро ја осудува политизацијата на статистичката операција Попис 2021 и им посакува успешна работа на попишувачите кои ќе започнат со работа на терен од денеска, 5 септември.

Повиците на бојкот се кривично дело. Структурите што повикуваат на бојкот на пописот имаат цел да се стекнат со политички профит, на сметка на јавниот интерес. ЦИВИЛ ја повикува јавноста да го отфрли и осуди таквото несовесно политичко дејствување.

Политичките партии, без исклучок, велат од ЦИВИЛ треба да го поддржат пописот преку јавни повици и комуникација со своето членство“, истакнуваат оттаму.

ЦИВИЛ ги повикува и медиумите и граѓанското општество да помогнат во реализацијата на оваа важна статистичка операција со јавни повици и коректно известување. Попишувачите се повикани строго да ги почитуваат здравствените протоколите, како професионалните стандарди за попишување. Учеството на граѓанките и граѓаните е граѓанска обврска, регулирана со закон, посочуваат оттаму.

ЦИВИЛ ги повика сите граѓанки и граѓани да ја исполнат својата обврска и да учествуваат во оваа статистичка операција.

Граѓаните можат да пријавуваат незаконски дејствија и нерегуларности во текот на спроведувањето на пописот и во ЦИВИЛ.

Слични содржини