ЦО на СДСМ дискутира за оставката на Заев

од Nikola Popovski

Централниот одбор на СДСМ со двочасовно задоцнување, ја почна седницата на која, според најавите, треба да се дискутира за актуелната политичка состојба и окрупнување на парламентарното мнозинство, и да биде разгледана оставката на претседателот на партијата Зоран Заев.

Членот на Извршниот и на Централниот одбор Петре Шилегов информираше дека на денешните седници на највисоките партиски органи на СДСМ, нема да се разговара за оставката на претседателот на партијата, Зоран Заев.

-Имаме многу состојби за дискусија. Ковид-кризата, енергетската криза, политичката состојба. Тие се темите и потоа ќе донесеме соодветни заклучоци. Немам информација дека ќе се расправа за оставката на Заев. Мислам не е тоа на дневен ред. Ќе се зборува за влезот на Алтернатива во владатаи и извесно е дека тоа ќе се случи. Ова е редовна седница и беше планирана пред 15 дена и очекувам во тој контекст да се движи, рече Шилегов пред седиштето на владеачката партија.

-Ќе видиме. Сега имаме седници на Извршниот и Централниот одбор на партијата, кратко прокоментира потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска пред седиштето на партијата.

Според неа, има повеќе теми на разговор околу тоа што ќе се случува на седниците.

-За следните чекори на СДСМ и тоа што е актуелно околу партиското мнозинство, актуелната политичка состојба. Овие седници се токму на барање на премиерот и претседател на СДСМ. Се што имам ќе кажам на Извршниот и Цетралниот одбор. Ќе ги известиме медиумите за сите донесени одлуки, информира Лукаревска.

Во меѓувреме, Централното претседателство на Алтернатива донесе одлука да влезе во преговори за приклучување на владината коалиција. Лидерот на Алтернатива Африм Гаши, како што информира партискиот портпарол Орхан Муртезани, доби овластување да комуницира со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза.

Слични содржини