Црни Грујо и Бефулци од Хрониката на Фредегер (втор дел)

од Vladimir Zorba
99 прегледи

 

Македонија од 1991год. кога прогласи независност перманентно е во некој облик на кризна состојба.

пишува Слободан Богоевски

Лидерите на овие заедници  во манирот на племенските подглавници од неолитот одлучуваат за сите од своето “племе”. Наместо едно,добивме повеќеопштества: богати и сиромашни; православни и католици;протестантски други;суниски исламисти од балканска провиниенција и приврзаници на т.н. Багдадски калифат;”бугарофили”,”србофили” и др.За едни сонцето изгрева на   исток а за други во Брисел. Ние сме уникат не само во регионот туку и воопшто во европската историја во поглед на тоа кому му ја доверуваме да ја води Македонија.Од дваесет и пет години самостојност,дваесет и три мандатот за премиер и составување Влада го доверуваме на младинци,без ниеден ден работно искуство, без биографија зад себе,па и недоволно или соодветно образование…

 

второ продолжение:

Воопшто не ги загрижува дека нема веќе сто да се краде-не само што испокрадоа се,туку и нашите внуци не ќеможат да ги исплатат долговите кои ги направија. Затоа,тие се само сенки од луѓе кои ќеисчезнат  кога ќе е нема светлината на воздот.Имајго ова на ум,Црни Грујо, затоа што свеќата ти догорува,а на никого и не му горела до зори,како што велат мудрите Црногорци. Кога ќебидеш сам,без овие сенки кои ќе те презрат,напуштат и најмногу од сите ќе те напаѓаат,сети се на мојата бесплатна поука: повлечи се веднаш, извини им се на сите мртви и живи Македонци за да можеш  затворските  денови полесно да ги поминуваш. Друг избор немаш!  Премногу злодела направи за да сновеш други,мислејќи дека тие ќе те спасат или пак украдените милијарди. Токму тие се твојата смртна сенка од која никој не се спасил,па нема ни ти.

Јавен линч

Црни Грујо за нас е веќе минато. Ова што го гледаме на  нашите улици  се неговите сенки,нашите Бефулци.  Не знам зошто се нарекуваат “Тврдокорни”? Каде беа овие во изминатите десет години?!Зарем не беа загрижени за Македонија инејзината”унитарност”кога беа амнестирани за воени злосторства лицата од хашкитеслучаи!Нели ги загрижуваат раселените Македонци од своите огништа токму од овие  влошенизлочинци со кои нивниот воз 8години “братски”ја пљачкаат Македонија.Зошто тврдокорните не се вознемирија од Законот за јазиците со кој е озаконета употребата на албанскиот јазик како втор службен јазик во цела Македонија,предложен од владата на Груевски  и донесен во Собранието на РМ. во 2008 год.!?

Нели гледаа јавен линч на новинари,судии,обвинители,интелектуалци,познати бизнисмени и други обичнилуѓе кои невини беа притворани со камери и судени во криминални постапки пред т.н. судови? Зарем беа глуви да ги слушаат Црни Грујо во конференциски разговор со братучедот Сашо Мијалков, министерот Антонио Милошовски и двајца познати криминалци од Грција како договараат промена на името на Македонија-за нив  Македонија е само проблем на лингвистиката односно морфологија на јазикот. За нив Македонија била “Скопје” само  проблемот бил во положбата на придавката во името на Македонија ! Сигурен сум дека знаат зошто над 600.000 млади ја напуштија државата и дека над 80проценти од тие што останаа сакаат да ја напуштат или веќе презеле конкретни чекори за да побегнат од македонскиот пекол!

Знаат и дека нивниот воз се радува на овој егзодус на цветот и иднината на Македонија:ќе го намали триумфално, статистички, процентот на невработени; бројот на замислените противници, а од нив ќе има и девизен прилив,пари кои ги пракаат на своите во Македонија.

“Тврдокорните” знаат какво ни е здравството,образованието,културата,одбраната и сите области од општеството. Но, тоа не е нивна грижа. Тие се  Бефулци  кои го чекаат новиот господар,играјќи го претсмртниот танц на стариот воз. Голем дел од нив исто знаат дека ВМРО и  како историска,идеолошкаистовременаполитичка организација е смртната сенка над Македонија. Секое нејзино владеењезавршувало со катастрофа за македонскиот народ.

ВМРО  на Тодор Александров основано е со единствена цел: Од темел да се уништи македонското револуционерно движење и создаде услови за присоединување со Бугарија. За овие цели тој и неговиот наследник Ванчо Михајлов ќе убијат во Бугарија Македонија и низ Европа илјадници најистакнати Македонци.Даме Груев,Гоце Делчев,Никола Карев и сите познати основачи и дејци на МРО(Македонска револуционерна организација) немаат ништозаедничко со ВМРО. Сите тие се жртви на ВМРО ,а не  нејзини симболи како што денес се лаже  од непријателите на Македонија и македонскиот народ.

Без минато нема иднина ниеден народ. Оваа универзална мудрост не води кон прашањето кои сите си го поставуваме:како можеше  да ни се случуваат овие несреќи повторно и повторно од прогласувањето на нашата независност во 1991 год. до денес?

Дали сме ние како народ способни за општественоорганизирање и дали ги имаме  основните атрибути на народ или нација!?Имаме ли заедничко минато кое сите ќе го почитуваме;општи и заедничкиетички вредности;херои кои сите ќе ги славиме и за кои нема да се спориме;дали разликуваме што е право, а што правда ; што е социјална солидарност ;знаеме ли кој од соседните народи и држави ни се или можат да ни бидат сојузници и пријатели;каде изгрева нашето сонце: во Брисел или на Исток. Листата на вакви прашања е многу долга,а без одговор на овие прашања иднината ни е неизвесна.

Сегашноста е само кратка отсечка и мост  меѓу долгото минато и иднината. Оттука е и големата одговорност на оваа генерација и кон минатото и кон иднината.Овие прашања знам дека на дел од читателитеќе предизвикаат тегобно чувство на непријатност и безнадежност.Но, ова што нас ни се случува не е наша ексклузива и не е нешто  кое не било познато и во минатото, не само наше туку и на другите народи. Погледајте како во далечното минато размислувале и како ги мудро наоѓалерешенијата за излез од ваквите состојби.

Подмитливиот народ  ја убива демократијата

Полибије Ликортов од Мегалополис,правејќи компаративна анализа на најуспешните уставни устројства (Македонија,Спарта-со Уставот на Ликург и Рим) во однос на малечките и непросперитетни( Атина,Теба,Крит и др.) и цикличнотосменување на шесте облици на уредување:кралевина-монархија, аристократија-олигархија, демократија-охлократија вели: Демократија нема таму каде што народната толпа може да прави сто ќе посака и одлучи, туку таму каде обичаите на предците,почитувањето на  божественитесуштини, грижата за родителите, срамот пред постарите и почитување на законите-кога во таков поредок победи одлуката на мнозинството тогаш тоа треба да се нарече демократија… Кога  од бес и беззаконие на водачите на државата народот ќе подивее од демократијата се раѓа охлократија(владение на толпата).Кога во демократијата почнат да тежнеат на власт да дојдат луѓе желни и со безумна   глад за слава,а неможат да ја стекнат со своите способности и богатство,тогаш го трошат државното богатство на заведување и расипување на народот.Го направат ли народот подмитлив и лаком, тогаш и демократијата пропаѓа и се претвора во  насилство и владеење со сила. Имено, народот се навикнува да јаде туѓо и живее на туѓа сметка,а кога ќе се здобие со амбициозенводач кој порано не бил биран на важни положби во државата затоа што бил сиротина, воведува владеење на силата: се здружува и почнува со покољи,прогонства, делење земја,се додека не подивее и повторно не најде господар и монарх…”Полибије пишува дека подемот и просперитетот на македонскиот и римскиот империјализам се должел пред се на добрите уставни устројства.

Во Македонија, власта била поделена и избалансирана помеѓу народот, Собранието,Царот,судството и Советот на мудреци (старци) наречени “Пеликани”. Во Рим, власта била поделена меѓу народот, Сенатот, судиите и Конзулот,а во еден период Цезарот. Секоја власт била ограничена со другата власт за никој да не  може да превагне.Дури и на славните Александар Македонски или Гај Јулиј Цезар или Октавијан Август не можеле и не се осмелиле да го нарушат уставниот поредок. Полибије живеел во времето на римско-македонската и римско -ахајската војна. Како правник и командант на Ахајците,покасно ќе стане учител на славниот Публие Сципион  Африканецот-помладиот. Неговите “Истории”ги напишалпомеѓу 158/155 година пред нашата ера(пред 2175 год.).Кога ги читате неговите книги имате чувство дека седи покрај вас и ја опишуванашатасегашност.

Заради историјата и нашата иднина му ја препорачувам на Црни Грујо и нашите Бефулци.Но и на секој кој во иднина сака да се бави со јавни работи. Нели е вистина дека историјата е учителка на животот и мајка на науките!? Подобро да учиме на туѓитегрешки отколку да ги повторуваме нашите.

 

Колумна: Слободан Богоевски

 

Слични содржини