Цуцуловски: Се менува сликата за руската воена сила, не е тоа што мислевме дека е

од Nikola Popovski

Се случи нешто друго, војната се продолжува. Нешто не функционира во руската одбрана. Обрачот во Киев го имаше, па го нема. Може имаат фалинка во детектирањето на испалените проектили кон нивни многу важни воени објекти, како на пример носачот „Москва“. Сето ова ја менува сликата дека Русија не е баш тоа што мислевме или некој сакаше да ја прикаже. Само ги проценувам нештата. Ова не го кажува со радост или тага, вели универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски во емисијата „Само интервју“.

Според него, сега не знаеме дали е факт дека таа е втора воена сила во светот.

-Зошто не ја користат целата воена сила тогаш во Украина? Која е целта и поентата ако не користат сѐ? Мислам дека Русија не сака окупација на цела Украина, туку целта беше или да се воспостави марионетски режим или да се земат оние делови од Украина кои се битни за Русија и со тоа да се одбрани етничкото население кое припаѓа на рускиот народ, појаснува професорот.

Слични содржини