Суд во Анкара донесе одлука за блокирање на 49 интернет страници, меѓу кои и онаа на францускиот стиричен магазин „Шарли Eбдо“, поради „навреда на верските вредности на граѓаните“.

Photo illustration of Twitter logo on an iPad display next to a Turkish flag

Како што јавија турските медиуми, покрај сајтот на „Шарли Eбдо, меѓу другите, целосно или делимно, се болкирани и интернет страниците на популарните форуми „Кисел речник“ и „Речник на бисери“ и на новинскиот портал Т24.

Судските забрани се изречени врз основа на кривичната пријава на турската Дирекција за телекомуникации, во која се наведува дека посочените интернет страници со своите невредливи содржини на „верските вредности можат да им наштетат на јавниот ред и мир“.

Според податоците на независниот веб сајт за мониторинг Енгели веб, во моментов во Турција се блокирани над 67.000 интернет страници.

Слични содржини