Турковиќ во посета на Скопје

од Stefanija Kuzmanovska

Заменик претседавачот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, утре ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Се очекува двајцата министри да разговараат за теми поврзани со билатералните односи, европските интеграции на двете земји, претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, како и за други актуелности од регионот и меѓународните односи.

Во рамки на посетата, Турковиќ ќе биде примена и од претседателот на државата, Стево Пендаровски и од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Слични содржини