Турската опозиција конечно демонстрираше будење

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Лидерот на турската опозиција собра неколку стотици илјади луѓе во Истанбул на крајот на својот “поход за правда”, кој  тргна  од Анкара на 15 јуни. Тоа беше протест против вметнувањето во затвор на еден од своите пратеници.

 

“Ние ќе го урнеме  ѕидот на стравот”, изјави толпата Кемал Киличдароглу, лидер на Републиканската народна партија (CHP), на крајот на 25-дневниот марш. “Последниот ден од походот ни е нов почеток”.

Море од луќе  повеќе се собраа во неделата вечер на митинг во Истанбул по повод завршувањето на 25-дневниот “марш на правдата”, организиран од турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП). “Последниот ден на” војна на правдата “- ова е нов почеток, нова чекор”, рече водачот на ЦХП Кемал Киличдароглу.

“Живееме во ерата на диктатурата”, изјави тој. Уште во попладневните часови десетици илјади се собраа за митингот на главната опозициска партија во Истанбул – очекувано најголемиот протест во земјата од неколку години. Демонстрантите маршираа кон крајбрежниот кварт во Малтепе во азискиот дел на градот за настанот, кој го одбележа крајот на 450-километарскиот “марш на правдата”.

Кемал Киличдароглу, лидер на секуларната Републиканска народна партија (ЦХП), го започна  патувањето без преседан на 15 јуни од главниот град во знак на протест против апсењето на еден од своите пратеници. Киличдароглу го  иницира настанот, откако пратеникот на неговата партија Енис Берберолу, поранешен новинар, беше осуден на 25 години затвор под обвинение за протекување на доверливи информации во весникот.

Ердоган веќе ја обвини партијата на Киличдароглу дека поддржува терористички активности, а премиерот Бинали Јилдирим, во петокот рече : “Војна стана здодевена и треба да заврши по митингот”. Властите не пречеа очигледно на походот, а полицијата ја обезбедуваше безбедноста во време на протестен марш. Турската полиција оваа недела приведе шестмина осомничени членови на “Исламска држава”, кои планирале  бомбашки напад за време на митингот. Но ЦХП вели дека ова е рутинска операција и не е поврзана со правдата.

Претседателот на опозициската Партија на националистичко движење, Девлет Бахчели ги предупреди партиските поддржувачи дека се можни секакви провокации и рече дека канцелариите на неговата партија ќе бидат затворени во саботата и неделата.

Потсетуваме дека околу 50 илјади лица беа уапсени за време на вонредната состојба во Турција, наметната по пропаднатиот обид за државен удар од 15 јули минатата година, а други 100 илјади  ги изгубија своите работни места, вклучувајќи наставници, судии, воени и полициски службеници. Толпата се беше раширила врз голем плоштад на брегот на морето во близина на затворот Малтепе, кварт на Истанбул, во кој е Енис Бербероглу, пратеник на ЦХП,  е осуден на 25 години затвор за обезбедување на доверливи информации на опозицискиот весник “Џумхуријет”.

Кемал Киличдароглу привлече на  маршот  илјади опозициско настроени граќани кои се против претседателот Реџеп Ердоган  . Оваа невиден за Турција иницијатива се излеа во најголемата опозициска демонстрација по протестното движење од 2013 година Според ЦХП, во неделната вечер се собрале над два милиони луѓе. Таков број на луѓе, иако непотврден, успеваше да ги собере само претседателот Ердоган на своите собири.

“Одевме за правда, одевме за правото на угнетените, одевме за затворени пратеници, одевме за затворениците новинари, одевме за отпуштените универзитетски професори”, рече Киличдароглу, редовно прекинуван  од извици “Права, закон, правда!”,  викано од толпата. Опозицијата во Турција  ја осудува авторитарната  политика на Ердоган, особено откако доби зелено светло преку референдум во април да си ја  зајакне својата позиција и  овластувања и се тоа преку чистки по обидот за државен удар пред една година: Оттогаш околу 50 илјади лица се уапсени и повеќе од 100 илјади отпуштени или отстранети од работа.

Турската полиција уапси во средата уште осум активисти за човекови права, вклучувајќи директорот на турскиот огранок на “Амнести интернешнал” (Amnesty International).

Киличдарлоглу  го  осуди обидот за преврат од 15 јули, извршен од воени единици. Во исто време Киличдароглу е исто толку критичен и кон чистка за време на вонредната состојба.

Тој ги нарекува граѓански државен удар. “Одевме за да се спротивставиме на единствен режим”, рече тој во неделата. “Одевме, бидејќи судството е под монополот на извршната власт”.

Шеесет и осум годишниот политичар помоли за време на митингот да има само национални знамиња и ликот на Ататурк, основачот на модерната и секуларна турска република. Владата се однесуваше кон овој поход со презир. Премиерот Бинали Јилдирим дури во петокот рече дека тој почна да “станува здодевен”. “Ова треба да престане по митингот”, рече тој.

Претседателот Ердоган, кој се состана во неделата и со државниот секретар на САД Рекс Тилерсон во Истанбул, го обвини Киличдароглу дека застанал на страната на “терористите” и дури предупреди за можно гонење. Властите не го  спречија походот и дури секој ден ги зголемуваа  силите. Во неделата беа мобилизирани околу 15 илјади полицајци за настанот на Малтепе. Целото патување лидерот на опозицијата спиеше во  приколка, а во текот на денот напредуваше кон Истанбул храбро чекор по чекор, според сведоците. Поддржувачите на Киличдароглу споредија оваа иницијатива со познатиот “солен марш” на Ганди во 1930 година против британската колонијална управа на Индија.

“Напишавмве легенда”, повтори неколку пати Киличдароглу. “Напишавме историја”. / АФП