Турската стаклена куќа

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган повторно тоа  го направи. Овој пат тој ја обвини Германија на Ангела Меркел во “нацистички практики” и се закани, ако не му биде дозволено да ја посети Федералната република, за да разговара со турските гласачи пред референдумот на 16 април.

Но Ел претседател или “Реис” (газдата), како тој е познат во Турција – е на нестабилна почва. Откако канцеларката Меркел од името на ЕУ направи срамна зделка, ветувајќи  и на Турција шест милијарди евра помош, место на масата и визна либерализација против задржување на бран од имигранти во Турција, Ердоган започна да гледа на Европа, а особено на Германија со нејзините три милиони турски имигранти, како на свое личен  феудален посед. Не сите Германци се согласуваат, се разбира. Седумдесет и седум проценти од анкетираните Германци се противат на плановите на Ердоган за спроведување на митинг за референдумот во Германија, но Ердоган не се интересира. На митинг во Истанбул во неделата тој објави: “Ако сакам да дојдам, јас ќе дојдам.” Меркел разбирливо е загрижена, бидејќи таа ќе се натпреварува за реизбор оваа година и не сите Германци се возбудени од 1,2-та милиони мигранти од Блискиот Исток и Африка, кои одговорија на нејзината политика на отворени врати. Но Ердоган исто така треба да бидат внимателен  при о игра на нацистичката карта, бидејќи тоа може да предизвика ретроактивност. На крајот на краиштата, Ердоган беше оној кој во почетокот на минатата година ја  спомена Хитлерова Германија како пример на претседателство со извршна власт, што тој се обидува да го воведе со референдумот  во април.

Во 2009 година Ердоганго заштити претседателот на Судан Омар ал-Башир против обвиненијата за злосторства против човештвото во Дарфур, велејќи: “Еден муслиман не може да изврши геноцид”. Тогаш кој ги отстрани сите Ерменци и Грци во Турција за време на Првата светска војна? Да не зборуваме дека во подоцнежната фаза што  стана и со Курдите. Турската историја, како и онаа на многу други земји, е стаклена куќа која е несоодветна за каменување. Пред три месеци познатиот турски новинар Бурак Бекдил кој е и соработник во Форумотот за  Блиски Исток, во статија за Институтот “Гејтстоун” ги спомена плановите на турската Дирекција за религиозни прашања (Diyanet) за формирање на младински филијали поврзани со турските близу 87 000 џамии. Но кога Бекдил ги спореди со Хитлеровата младина, тој беше осуден  во турскиот печат и отпуштен како новинар од либералниот . “Хуриет дејли њус”.

Пред две години “Тудејс Заман”, на англиски јазик издание на турскиот весник со најголем тираж “Заман”, го објави мојот напис “Подемот на турскиот Рајх” без никаква реакција, со исклучок на фактот дека двата весника беа запленети и затворени од турската влада година подоцна. Шест дена по обидот за преврат во јули минатата година, “Фајненшл тајмс” ја спореди реакцијата на Ердоган со онаа на Адолф Хитлер при бомбашки напад во јули 1944 година, но три дена подоцна ја добив мојата одмазда. Либералниот британски весник “Индипендент”, каде често сум пишувал , објавува коментар “Како Турција на Ердоган е моделирана по примерот на Третиот Рајх.” Според нивниот уредник, публикацијата била прифатена “фантастично добро” и во првите неколку часа била споделена  4000 пати. Следното утро бев информиран дека нивниот дописник во Блискиот Исток добил закани, додека бил во Турција, па написот ќе биде повлечена и повторно објавен веднаш, кога  тој ќе се се згрижи воо  безопасност од другата страна на границата. Тоа, всушност, никогаш не се случи, и статијата беше избришана (како што се случи и со моите статии за “Тудејс Заман” кога и во нивните архиви беа избришани). Кога се спротивставија, ми заѕвони нивниот главен уредник, кој објасни дека  “дејствувале по потреба.”

Нешто слично се случи со критика на исламот Роберт Спенсер во јануари, кога политичкиот весник “Џа Хил” во Вашингтон објавува статијата му за прифаќање на исламот од Линдзи Лохан. Во овој случај, како одговор на ставот на критика на читателот “Д Хил”  се повлече статијата.

Живеејќи во Данска, јас добро разбирам дека пишувањето за контроверзна тема е како одење по работ на жилет. Кога во 2005 година данскиот “Јоландс пост” објави 12 карикатури на пророкот Мухамед, тоа предизвика ужас  во исламскиот свет.

Во Турција новинарите критични кон режимот секогаш оделе по сечилото на жилет. Во моментов 191 од нив се во затвор. Ајдин Доган, сопственикот на најголемата медиумска група во Турција, настојуваше Бурак Бекдил да биде отпуштен. Но потоа се  разбуди со статија со противречности  за врските со армијата и владата со предводникот на групата, весникот  “Хуриет”, Ердоган рече дека весникот ќе плати висока цена за публикацијата. Главниот уредник на “Хуриет” беше отпуштен, а Доган беше повикан во судот за да одговара по обвиненијата за шверц.

Какошто  напиша Пастор Мартин Нијмолер, кој бил затворен од нацистите: “Прво дојдоа за социјалистите, и јас не реков ништо, бидејќи не бев социјалист. Потоа дојдоа за Синдикалците и јас не реков ништо, бидејќи не бев синдикалист. Потоа дојдоа за Евреите, и јас не реков ништо, бидејќи не бев Евреин. Потоа дојдоа за мене – и таму не беше останал никој кој да зборува за мене “.

————-

Материјалот од  “Ерусалим пост” е на Роберт Елис, коментатор на турските теми во данскиот и меѓународен печат.