Турски државјанин фатен со фалсификувани хрватски документи на охридскиот аеродром

од Stefanija Kuzmanovska

Турски државјанин се обидел да влезе во Република Македонија со лажен пасош, но бил уапсен од страна на полициски службеници.

„На 02.01.2022 во 13.00 часот на Граничниот премин Аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода Е.К.(36) од Република Турција, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека хрватската патна исправа што ја приложил на увид била фалсификувана. Исто така, при преглед кај него биле пронајдени фалсификувани хрватска лична карта и хрватска возачка дозвола“, информира МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка.

Слични содржини