Турскиот исламски проповедник Фетхулах Ѓулен, кого турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го обвинува за вмешаност во неуспешниот обид за државен удар, изјави синоќа дека ќе прифати евентуално решение за неговата екстрадиција од страна на американската Влада.4949162

Тој одново ги отфрли обвиненијата дека е поврзан со државниот удар и го обвини Ердоган дека лично тој  сам го исценирал воениот метеж.

Турските власти веднаш по задушувањето на превратот побараа од Владата на САД, Ѓулен да биде екстрадиран во Турција.

Слични содржини