Турција го блокираше пристапот до Твитер и Вотсап

од desk3
76 прегледи

Турција го блокираше пристапот до социјалните мрежи Твитер и Вотсап неколку часа по апсењето на 11 прокурдските пратеници синоќа.

Karikatur Erdogan/Twitter, Titelseite von Sözcü

Шест лица беа ранети во силна експлозија во  близина на зграда полицијата во турскиот град Дијарбекир, населен претежно со Курди.

Се уште не е позната причината за екксплозијата, која беше слушната од целиот град. Се претпоставува дека таа е предизвикана од автомобил-бомба.

Според телевизијата НТВ е убиен еден човек, а ранети се 30./МИА