Турција ја одобри „Спутник V“ за итна употреба

од Vladimir Zorba

Турција издаде дозвола за итна употреба на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирус, соопшти денеска Турската агенција за лекови и медицински производи.

Неделава, турскиот министер за здравство Фахретин Коча рече дека Турција потпиша договор за набавка на 50 милиони дози вакцини Спутник V.

Претходно денес, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција ќе добие „значителни количини“ на вакцината „Спутник V“ според договорот со Русија.

Слични содржини