Турските власти преговараат на државно ниво за отворање на туристичката сезона во јули, објави Туристичката организација на Русија.
Како што се наведува, министерот за туризам на Турција, Мехмет Ерсој, оствариl средба со министерот за надворешни работи, Мехмут Чавушоглу и со градоначалникот на Анталија, Мунир Караоглу.
„Турција преговара со Русија, Велика Британија и Германија, земјите од кои доаѓаат најголем број туристи, во врска со перспективата на нивното враќање во турските летни одморалишта“, изјавил Ерсој во таа пригода.
„Очекуваме голем број туристи од тие земји“, додаде тој.
Тој додава дека се очекува редовниот воздушен сообраќај со Турција да биде воспоставен до јули, пред се кога станува збор за националните авиокомпании, а потоа и чартер-летовите.
Сепак, Ерсој исто така рекол дека не е паметно да се прават долгорочни предвидувања, бидејќи сè уште не е целосно јасно како ќе се одвива ситуацијата со коронавирусот.
„Ситуацијата се менува секој ден, многу работи сè уште не се јасни. „Не можеме да зборуваме за целосно укинување на ограничувањата, бидејќи никој не може да издаде 100% гаранции дека здравствената состојба е безбедна“, заклучи тој.