Турција го осуди судијата во Судот за воени злосторства на Обединетите нации на седум години и шест месеци затвор под обвинение дека членува во терористичка организација, соопшти во четвртокот судот со сегиште во холандскиот град Ден Хаг.

Судијата Ајдин Седаф Акај е во притвор од септември лани, како еден од десетиците илјади турски функционери уапсени во кампањата против луѓето и организациите по неуспешниот пуч во кој загинаа стотици луѓе.
Судот на ОН во соопштението наведува дека Турција со своите акции го крши меѓународното право, а Акај треба да ужива дипломатски имунитет, пренесува Reuters.