Турција со тешко вето врз Австрија во НАТО!

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Турција потврди дека  стави вето на учеството на Австрија во некои програми на НАТО поради “постојаната антитурска позиција” на Виена по различни прашања во рамките на Европската унија (ЕУ), објавија дипломатски извори за весникот Hurriyet .

“Турција ги презема потребните мерки во врска со учеството на Австрија во активности на НАТО поради тоа што земјата го пренесува својот нтитурска однос во платформите на ЕУ”, изјави турски дипломат, кој побарал анонимност.

Друг извор потврди дека Турција со месеци го блокира учеството на Австрија, која не е членка на НАТО, во различни проекти на Алијансата во 2017 година Од Виена ги определија турските активности како “закана за безбедноста”.

За 24 и 25 мај е планиран самит во на НАТО во Брисел, на која ќе учествува и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.