“Твин Пикс“ се враќа на 21 мај

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Легендарната серија “Твин Пикс” повторно ќе се врати на малиот екран на 21 мај по 25-годишно отсуство. Американскиот Кабелски Showtime прв емитуваше тизер на филмската продукција, на кој беше прикажан и актерот Кајл Маклоклан.

Како во првите сезони на серијата, емитувани во почетокот на 90-тите години, тој ќе се појави во улогата на чудниот специјален агент на ФБИ Дејл Купер.

Голем дел од актерите од оригиналната серија ќе се вклучат и во новата лента на Дејвид Линч.

“Твин Пикс” освои три награди “Златен глобус” во 1991 година, меѓу кои за најдобар серијал.