Уапсени 6 лица, запленета дрога вредна над 800 илјади евра

од Берта Китинска

Во акцијата во која беа приведени шест лица беa запленети 200 килограми марихуана, во вредност од над 800.000 евра.

Меѓу приведените освен командирот на полициската станица во Прилеп е и лице кое што соработувало со фирми за прозиводство на медицински канабис од Прилеп и Битола, поради што по наредба на јавен обвинител е извршена контрола и во фабриките. Уапсен е и жител на Гевгелија кој според полицијата бил организатор на групата.

„На патниот правец Прилеп – Росоман, во близина на с.Раец биле запрени патничко возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле пријавените К.С. и М.З.. Веднаш потоа е запрено патничко возило „дачија дастер“, со скопски регистраски ознаки, управувано од А.У, каде како сопатник бил Г.К., а зад нив и товарно возило „комбе“, во кое се наоѓала поголема количина дрога, спакувана во 40 картонски кутии во кои имало 400 полиетиленски пакувања со дрога. Лицата се лишени од слобода и од извршеното вештачење на пронајдената дрога е утврдено дека станува збор за марихуана во вкупна количина од околу 200 килограми“ – вели Сузана Прањик – портпарол на МВР.

Организаторот на групата е уапсен на бензинска пумпа во Гевгелија. Во домови на осомничените полицијата пронашла оружје, луксузни часовници но и пари кои потекнуваат од кражба на банкомати.

„При извршен претрес кај А.У. во стан во Скопје пронајдено е поголемо количество оружје, муниција, гранати, барут и делови за оружје, за што ќе му биде поднесена и кривична пријава за кривично дело по член 396 од Кривичниот законик, а при претрес извршен во стан во Битола, кај него се пронајдени 13.600 евра и 50 илјади денари, колекција луксузни часовници, како и документација за фабрики за производство на марихуана во медицински цели. При претрес кај М.З. во Куманово, пронајдени се два пиштола и куршуми, а поголема количина парични средства се пронајдени и при претрес кај К.С. во Прилеп, полициски службеник“, вели .

Слични содржини