Теодора Бјелица е српска манекенка и актерка родена на 14 август 1994 година во Белград. Теодора е ќерка на познатата актерка Гордана Бјелица за која велат дека и е најголема поддршка. Таа најголемиот дел од ангажманите ги извршува во Бејрут, Милано и Истанбул.

Дваесет и тригодишната убавица се школувала во Москва, а покрај мајчиниот јазик зборува и руски, шпански и англиски. Благодарение на познавањето на шпанскиот јазик доби улога на Шпанка во српскиот филм „Afterparty“.
Во 2014 година беше во Сочи, каде на изборот „Olimpia World“ ја претставуваше својата земја.