Убавината е заштита од стрес

од desk2
112 прегледи

Жените со убаво лице помалку реагираат на стрес, откри истражувањето на финскиот универзитет Туру. Заради идеален размер на маснотии во телото тие се репродуктивно поспособни.

Научниците ги мереле хормоните на страс кај жените кои по убавина ги бирале мажи но и жени и откриле дека оние кои се оценети како најубави имале помали количини кортизол.

Но, привлечниот изглед не им носи појак имунитет, кој научниците го мереле со развојот на антитела на вакцина против хепатитит Бе.

Убавината, на тој начин, при одбирањето партнерка, не е само работа на површност, туку и сигнал за нејзиното општо здравје – вели водачот на изтражувањето Маркус Рантала.