“Убавицата и ѕверот“ е првиот Дизни филм со геј херој

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Новиот филм на “Дизни” “Убавицата и Ѕверот” ќе биде првата лента на компанијата во која некој од ликовите е геј, соопшти режисерот Бил Кондон. Ова ќе е Лeфо – близок пријател на антагонист Гастон, во чиј лик ќе влезе Џош Гад. Пред списанието “Attitude” Кондон вели дека ликот Лефо е комплексен, бидејќи тој самиот не знае што сака.

“Лефо е човек кој еден ден сака да е Гастон, а во друг – да го бакне. Тој е збунет од желбите. Тој е човек кој сега сфаќа дека ги чувствува овие чувства “, вели режисерот на филмот.

“Џош прави нешто навистина суптилно и восхитувачко од тоа”, дополни Кондон.

Веста беше потврдена и од самиот Гад, кој напиша на социјалната мрежа Твитер дека се чувствува горд на својата улога. Премиерата на лентата е на 16 март. Тој е римејк на истоимениот анимиран филм од 1991 година.