УБИЕН МАЖ во близина на Белата куќа, полицијата трага по напаѓачот

од Vladimir Zorba

Полицијата во Вашингтон соопшти дека еден маж е убиен во пукање што се случи рано утринава на само неколку блока од Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека набргу по пријавувањето на пукањето, мажот бил пренесен во блиската болница, каде што била констатирана смрт, пренесува американскиот ТВ канал Фокс 5.

„Инцидентот се случи утрото, на неколку блокови од Белата куќа на улицата К. Полицијата пристигна на местото на инцидентот околу 5 часот по локално време. Имаше возрасен во несвест, не дишеше, се работи за убиство“, се додава во соопштението.

Полицијата трага по осомничениот напаѓач, висок околу 1,9 метри, кој носел црн капут и сиви панталони, како и бел автомобил BMW М535И со регистарска табличка DC DLR05020 и скршен десен ретровизор.

Слични содржини