Ученичка се качи на катедра и малтретираше професор

од desk2
73 прегледи

Во американското средно училиште Calhoun County во Сент Метјус, се случи инцидент ога една ученичка се качи на катедрата на професорот и го малтретираше удирајќи со нозете и рацете во негов правец.

Снимката осамна на интернет, а целиот свет го осуди потегот.

Снимката е направена во понеделникот, а на неа се гледа како ученичката со раце и со нозе го удира профсорот по глава и на крај почнува да танцува. Присутните соученици се смеат на тоа, а професорот ја напушта училницата.

Ученичката е суспендирана, а ќе се соочи со обвинение за напад од трет степен и непримерно однесување во јавност. Учителот по нападот не се вратил во училипте,а во моментот е на административен одмор.

Училиштето соопшти дека соработува со полицијата и дека им е предложено да ја избркаат ученичката.

https://www.facebook.com/100009482447273/videos/2209374562721937/