Учениците за домашна добиле задача да пребројат 100 милиони зрна ориз

од desk2
94 прегледи

 

Кина се залага за покреативни домашни задачи, но некои примери се екстремни и ги лутат родителите.

Ученици од четврто одделение во основно училиште во Фошан добиле задача да избројат 100 милиони зрна ориз и да ги донесат во училипте. Наставникот по математика исто така барал родителите да ги надгледуваат децата додека ја извршуваат задачата, затоа што зрната треба да се избројат едно по едно.

Некои родители на социјалните мрежи коментираа дека за тоа е потребна една година, затоа што една година има 31 милион секунди.

Освен тоа 100 милиони зрна ориз тежат околу 8,3 тони.

По неколку дена во градинка во Хангџу бараа да ја цртаат Месечината 30 дена по ред. Еден родтел се пожали дека ослабел 4 килограми затоа што 30 дена секоја ноќ останувал буден за да ја фотографира Месечината.