Удар за Кејт Мидлтон – цел свет зборува за потегот на принцот Вилијам

од Nikola Popovski
962 прегледи

Откако целиот свет беше воодушевен од јавната размена на нежности на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, сега нивната љубов повторно е под лупа. Имено, цел свет зборува за тоа како Кејт била исфрлена од една многу важна традиција.

Иако Кејт Мидлтон се појави на комеморацијата за Денот на сеќавањето, како и претходниот ден на фестивалот по повод Денот на примирјето во Првата светска војна, таа отсуствувала од една многу важна традиција.

Имено, Кејт ја следела церемонијата од балконот заедно со војвотката од Единбург, додека кралот Чарлс III, принцот од Велс, принцезата Ана и војводата од Единбург положиле венци во чест на загинатите војници.

Венците со години го носат заедничкиот потпис на Вилијам и Кејт, но овој пат биле со порака: „Во спомен на сите оние кои ја дадоа најголемата жртва. Ќе ги паметиме“, при што стоело само името на принцот од Велс.

Оттаму веднаш се подгреаа шпекулациите за лошите односи меѓу принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон и приказните за тоа дека Вилијам цело време бил неверен.

Слични содржини