Удрил со возило 17-годишен од Бродец, па избегал

од Vladimir Zorba

На 22.01.2022 година околу 14,35 часот било пријавено дека во Тетово на ул. „Благоја Тоска“, се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило удрило во Е. Д. (17) од с. Бродец-тетовско по што возачот го напуштил местото на настанот.

Е. Д. бил пренесен во Клинички центар Тетово каде му била констатирана тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Се работи на расчистување на случајот.

Слични содржини