Угина Бу, најпознатото куче во светот

од desk2
412 прегледи

Едно од најпознатите кучиња во светот, Бу, угина синоќа, објави неговата сопственичка на „Фeјсбук“.

 

Најслаткиот померанец во светот имаше 12 години, а причината за смртта, како што наведува сопственичката, е буквално скршено срце откако Бу се разболе во 2017 година кога угина кучето Бади, неговиот најдобар пријател.

Бу на социјалните мрежи беше попопуларен од многу светски ѕвезди и имаше околу 17 милиони „пријатели“. Симпатиите во светот ги освои поради неговата фризура, фотогеничност и фотографиите кои неговата сопственичка ги објавуваше на интернет.