Украина ќе настапи на Евровизија без оглед на војната

од Nikola Popovski

Членовите на оркестарот Калуш најавија дека се подготвуваат за Торино, иако во нивната земја беснее војна.

Претставниците на Украина се убедливи фаворити за победа на овогодинешната Евровизија, бидејќи со недели го заземаат првото место на светските обложувалници.

Сепак, поради целата ситуација и поради тоа што во нивната земја има воена состојба, неизвесно беше дали ќе можат да се подготват и дали ќе можат да учествуваат на натпреварот.

Сега пејачот Олех Псиук објави дека тој и членовите на неговата група се подготвуваат за настапот.

Се подготвуваме најдобро што можеме и ќе дадеме се од себе да ја претставиме нашата земја на најдобар начин“, рече пејачот која им се заблагодари на организаторите на Евровизија за поддршката.

Нивната  песна „Стефанија“ за кратко време стана многу популарна, а нивниот настап на Јутјуб има речиси два милиони прегледи.

Да потсетиме, Русија е исклучена од овогодинешната Евровизија и нема да има свој претставник.

 

Слични содржини