Украина нема да учествува во преговорите во Саудиска Арабија: „Никогаш нема да го прифатиме договорот Трамп-Путин“

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се појави во емисијата Meet the Press на американската ТВ станица NBC News.

Тој го повтори својот став дека Украина никогаш нема да прифати мировен договор за кој се преговара исклучиво меѓу Русија и САД, каде Украина нема да биде на маса.

– Никогаш нема да ги прифатам одлуките што самите САД и Русија ги носат за Украина. Ова е војна во Украина, против нашиот народ. Ние сме тие што трпиме човечки загуби“, рече тој.

Американскиот државен секретар Марко Рубио се очекува да се сретне со руски претставници во Саудиска Арабија во наредните денови – но како што беше претходно објавено, украинската делегација нема да присуствува.

– Навистина сакав Украина да биде приоритет на Доналд Трамп, а не Русија. И се надевам дека сме поважни. Ние не сме толку големи како Русија, но мислам дека стратешки Украина е поважна за Соединетите Држави, бидејќи ние сме вистински партнери, сојузници и споделуваме заеднички вредности, вели украинскиот претседател.

Запрашан дали верува дека Трамп има добри намери, Зеленски одговори: „Се надевам дека е така. Навистина сметам на тоа. ..”

„Му верувам на претседателот Трамп затоа што тој е претседател на САД, затоа што вашиот народ гласаше за него и јас го почитувам нивниот избор“, рече тој, предупредувајќи дека никој, вклучително и Трамп, не треба да верува во зборовите на Путин.

Запрашан што би му рекол на Владимир Путин доколку двајцата се сретнат на мировни преговори, Зеленски го нарече рускиот лидер „убиец“ и „терорист“.

– Тој е убиец и тоа никогаш нема да се промени. Тоа би бил дијалог со терорист и убиец. Немам таква моќ, доволно моќ да го истуркам. Затоа на Украина и се потребни сојузници, рече тој.

Слични содржини