Украина објави дека повлекува дел од војниците во Авдејевка на побезбедни позиции

од Stefanija Kuzmanovska

Украина ги повлекува своите војници на „побезбедни позиции“ во некои области на градот Авдејевка во Доњецк, додека на други места се обидува да ги истисне руските војници, изјави денеска портпаролот на украинската армија Дмитро Лигови.

Лигови наведе дека Украина активирала резервна логистичка рута за градот, но дека снабдувањето со Авдејевка и евакуацијата на градот е тешко, пренесе „Ројтерс“.

Русија се обидува да го освои тој град на истокот на Украина по неколкумесечни тешки борби.

Слични содржини