Украина повеќе не е фаворит на Евровизија, друга земја сега е на првото место

од Nikola Popovski

Утре, 14 мај, ќе се одржи големото финале на „Евровизија“, а веќе со месеци најголеми фаворити за победа се Украинците, односно „Калуш оркестар“ со песната „Стефанија“.

Додека според прогнозите на обложувалниците, кога станува збор за гласовите на публиката, Украина убедливо води, но кај жирито ситуацијата е поинаква.

Имено, најголеми шанси, кога е во прашање стручното жири, има Велика Британија и нивниот претставник, тиктокерот Сем Рајдер.

Сем има 32 години, доаѓа од Англија и има над 12 милиони следбеници на TikTok.

Нашата претставничка Андреа Коевска, и покрај одличниот настап и глас што го прикажа, не успеа да се пласира на финалната вечер во Торино.

Слични содржини