Украина во мрак

од Stefanija Kuzmanovska

Украина денеска воведе нови вонредни ограничувања во снабдувањето со електрична енергија.

Украинскиот дистрибутер на електрична енергија Укренерго соопшти дека од 11 часот денеска дошло до значителни прекини на електричната енергија поради оштетување на електраните и високонапонската мрежа предизвикани од руските ракетни напади.

„Ситуацијата е влошена од лошите временски услови, во западните региони на Украина мразот, дождот, снегот и силните ветрови предизвикаа замрзнување на електричната мрежа, но најтешко е во источните региони каде руските напади беа најжестоки“, соопшти Укренерго.

„Има недостиг на енергија во сите региони – до една третина од она што е потребно“, рече Олександар Старук, шеф на регионот Запорожје.

Најголемиот приватен производител на електрична енергија во Украина, ДТЕК, објави дека сега има итни прекини на струјата во главниот град Киев и Киевската област, во јужниот регион Одеса и Дњепар во централна Украина.

Последниот голем бран руски ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина се случи во понеделникот, потсетува „Ројтерс“.

Слични содржини