Украина воведе санкции за рускиот патријарх Кирил

од Nikola Popovski

Владата на Украина го одобри предлогот за воведување санкции против патријархот московски и на цела Русија Кирил на 10 години и уште седум други претставници на свештенството на Руската православна црква.

Како што е наведено на веб-страницата на владата, санкциите вклучуваат, меѓу другото, блокада на имот, суспензија на транзит на ресурси, летови и транспорт низ Украина, суспензија на економските и финансиските обврски, забраната за учество во приватизацијата и закуп на државен имот, како и откажување на официјални посети, пренесе агенцијата РИА Новости.

Покрај патријархот Кирил, на листата на санкции се и неколку митрополити и архиепископи.

Овие ограничувања допрва треба да бидат одобрени од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и претседателот Володимир Зеленски.

Слични содржини