Украинците објавија ВИДЕО: „Ослободивме град на југот“

од Stefanija Kuzmanovska

Припадниците на извидувачкиот баталјон на украинската армија објавија видео за кое тврдат дека е снимено во Снихуривка, Миколаевската област, јужна Украина. Ако видеото е автентично, тоа е првaта официјална потврда дека Украина навистина го ослободила тој град од руската окупација.

„Денеска, 10.11.2022 година, од силите на извидувачкиот баталјон беше ослободена населбата Снихуривка. Слава на Украина!“, стои во објавата.

Во меѓувреме, Виталиј Ким, гувернер на Миколаевската област во јужна Украина, објави дека е на сила тревога за воздушна закана низ целиот регион.

Засега нема информации за можни руски воздушни напади.

Слични содржини