Украинската армија: Русија започна нови напади на истокот на земјата

од Stefanija Kuzmanovska

Руските сили започнуваат нови напади врз украинскиот град Авдеевка, како дел од офанзивата чија цел е да се обезбеди контрола врз источниот регион Донбас, соопшти денеска украинската армија, пренесува „Ројтерс“.

„Вчера непријателот започна масовни јуришни операции со поддршка на оклопни возила во правец на Авдеевка и Маринка“, изјави воениот портпарол Александар Ступун за украинската телевизија.

Линијата на фронтот во источна Украина речиси и не се поместуваа во изминатите неколку недели, но борбите беа интензивни, рече Ступун, додавајќи дека во изминатите 24 часа имало 610 артилериски гранатирања кај Авдеевка.

„Продолжуваат жестоките борби. Нашите борци цврсто се држат во одбраната“, рече Ступун.

Русија не објави никакви информации за воените акции во Авдеевка, клучното упориште на Украина кое се наоѓа северозападно од градот Доњецк, кој е под контрола на Русија.

Слични содржини