Украински преговарач до Песков: Ова се условите на Киев за продолжување на мировните преговори

од Stefanija Kuzmanovska

Советникот на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Михаил Подољак, претстави список со барања за продолжување на преговорите со Русија, откако портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека за да се постигне мир, Киев ќе мора да ги прифати руските барања, вклучувајќи го и признавањето на Крим како руска територија и отстапувањето на Доњецката и Луганската област.

Подољак синоќа на својот Твитер профил наведе дека овие услови се итен прекин на огнот, повлекување на руските војници од Украина, враќање на киднапираните граѓани, екстрадиција на воени злосторници, механизам за репарација и признавање на суверените права на Украина.

– Руската страна добро ги знае нашите услови. Шефот на Песков не треба да се грижи: ќе дојде време кога ќе ги поправиме на хартија – нагласи тој.

Слични содржини