Украински тенисер оди во војна

од Vladimir Zorba
439 прегледи

СЕРХИЈ СТАХОВСКИ, украинскиот тенисер кој на почетокот на годинава ја заврши кариерата со пораз на стартот од квалификациите за Австралија опен, најави дека како волонтер ќе ја брани Украина од руската инвазија.

„Армијата отвори место за резервни војници, за секој што сака да се бори, да земе оружје и да биде дел од територијалната одбрана. Има многу доброволци, меѓу кои и јас, го потпишав формуларот за пријавување минатата недела, но ги немав потребните документи. Сега ја поништија процедурата за да може секој да се приклучи. Немам воено искуство, но знам како да ракувам со оружје“, рече Стаховски (36), прашувајќи го светот што правеле во последните осум години додека Украинците беа во војна со Русите.

Украинецот освои четири АТП титули. Првпат го освои турнирот во Загреб во 2008 година како „среќен губитник“ кога во финалето го победи Иван Љубичиќ. Најмногу е запаметен по победата над Роџер Федерер во 2013 година на Вимблдон. На турнирите во кариерата има заработено повеќе од пет и пол милиони долари.

Слични содржини